Едноставно до ваучери во Sport Life: Ги ставаш најдобрите од Сити, Арсенал и Ливерпул

Во шетото коло од Фантази Премиер лигата на Спорт Манија беше вистинска мешаница меѓу најдобрите. На крајот, тројцата кои ќе ги добијат вредносните ваучери се со 96, 96 и 95 бодови.

Дарко Христов е победникот во ова коло со вкупно 96 освоени поени на неговата екипа Madrfajky FK. Христов има вкупно 355 поени во генералниот пласман, па затоа е и подобар во ова рангирање од Михајло Тапчиевски со екипата Babineaux, кој исто така освои 96 бода, но во генералниот пласман има 346 поени, па затоа е и второпласиран во шестото коло.

Место на пиедесталот има и за Дарио Вукановиќ со FK malvuk, кој освои 95 бодови, а во генералниот пласман има вкупно 361 поен. Уште неколку фантазери во ова коло имаа освоено 95 бодови, но Дарио е најдобар од сите нив во генералниот пласман, па е на третото место за ова коло.

Христов е освојувач на вредносен ваучер од 300 денари во Sport Life, за Тапчиевски следува ваучер од 200 денари, а Вукановиќ си заработи ваучер од 100 денари во Sport Life. Сите тројца добитници треба да исконтактираат на фејсбук-страницата на Спорт Манија во порака.

Тоа што е карактеристично за тимовите на сите три првопласирани е дека во капитен им е Ерлинг Халанд, што им донесе дури 34 поени. Во составите на сите тројца се и напаѓачот на Арсенал, Жезус, кој даде гол (шест поени), додека во средниот ред им царуваат Мохамед Салах од Ливерпул (10 поени) и Мартинели од Арсенал (10 поени).

 

- Оглас -

Најнови вести