Едоардо Бове минатото лето како позајмен дојде од Рома во Фиорентина, но на мечот против Интер фудбалерот се сруши на теренот, а потоа му беа констатирани проблеми со срцето. 22-годишниот фудбалер во моментов е надвор од фудбалските терени, па доби шанса да се обрати пред публиката на познатиот музички фестивал „Сан Ремо“.
„Чест ми е што сум тука и благодарен сум за поканата. Фудбалот е мојата форма на изразување и во моментов поминувам низ тежок период. Се чувствувам како пејач кој го изгубил гласот. Поддршката беше неверојатна, без разлика на клупската припадност. Ова ме натера да ја сфатам сериозноста на ситуацијата. Се разбудив во болница, не се сеќавав на ништо, но кога ги видов лицата на луѓето околу мене, сфатив што се случило. Оваа ситуација ме натера да сфатам колку е тенка границата помеѓу животот и смртта.“ – порача Бове.
#SANREMO2025 | Ospite della finale Edoardo #Bove: “Quella sera ho capito la linea sottile che c’è tra la vita e la morte” https://t.co/gX2qWnowG9
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) February 15, 2025