Најпознатиот натурализиран хрватски фудбалер, Едуардо Да Силва, изјави дека неговиот роден Бразил е фаворит во мундијалското четвртфинале против Хрватска, но дека ќе навива за Хрватите.
Бразилецот со хрватски пасош, после мечевите на Хрватска со Канада и Јапонија, објавуваше фотографии со своите деца, облечени во дресови на хрватскиот национален тим.
Популарниот Дуду за Хрватска одигра 44 меча и даде 29 гола.
„Хрватска ми даде шанса да бидам тоа што го постигнав во животот, и секако дека сум благодарен. Секогаш кога игра Хрватска, навивам за неа. Бразил е фаворит да го освои Светското првенство, после осминафиналињата, мислат дека им ќе биде лесно, тука е шансата на Хрватска. Ако издржи во првите 20 минути, кај Бразилците ќе се создаде напнатост и ќе им биде тешко, а Хрватска ќе се ослободи. Би сакал да видам како ќе реагира Бразил ако прв прими гол. Ако средниот ред на Хрватска одигра како што знае, ќе го контролираме мечот. Ќе биде тешко, ама верувам“ – вели 39-годишниот Едуардо.
На СП 2014 година, Хрватска играше со Бразил во првото коло, а Едуардо не влезе во игра и жали поради тоа.
„Никој не беше помотивиран од мене за играње на тој меч. Очекував да играм. Селекторот Ковач тогаш направи само две измени, да направеше три, ќе ми беше полесно. Обично се менува напаѓач кога губите, но не добив шанса да влезам и уште жалам за тоа“ – објасни Едуардо.