Едвај го освестија и наместо да бега, бара брз реванш против опасниот нокаутер (Видео)

Дилијан Вајт опасно настрада по тешкиот нокаут што го доживеа ноќеска од Александер Поветкин, но сепак побара реванш, иако не можеше да говори по бокс-мечот во тешка категорија.

Поветкин со страшен аперкат го испрати во царството на соништата големиот фаворит и славеше голема победа против Вајт.

Британецот опасно настрада, па мораа со кислород да го освежат за да се разбуди. Откако се освести не можеше да говори, ја прескокна вообичаената прес-конференција, но и си побара реванш против 40-годишниот руски боксер, што му следува според договорот.

Тоа место Вајт го соопшти промоторот на бокс- мечот Еди Херн, а истакна дека неговиот штитеник сака брз реванш до декември годинава.

„Искрено не можев да верувам каков страшен шок доживеа Дилијан. Аперкатот на Поветкин беше неверојатно прецизен и силен. Вајт е во шок, но сепак има право на реванш и сигурно ќе организираме римеч. Верува во себе, ја имаше победата на мечот, но ова е тешка категорија, каде и еден удар може да реши се“, изјави Херн, кој го организираше мечот во својот двор.

- Оглас -

Најнови вести