Актуелниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, откри дека имал тешки напори да го убеди Килијан Мбапе да остане во ПСЖ во периодот кога шпанскиот стратег ги предводеше Светците. Одличниот Французин имал желба минатото лето да го облече дресот на Кралскиот клуб од Мадрид, меѓутоа на крајот одлучил да остане на „Паркот на принцовите“, по убедувањата од страна на Емери и раководството на гиганот од Париз.
„Во еден момент му вршевме притисок на Килијан да остане во ПСЖ. Дури разговарав и со неговиот татко, а Мбапе беше решен да се пресели во Мадрид и да игра за Реал. Имаше шанса да игра и за Барселона, но тој го сакаше само Реал. Заедно со раководството успеавме во нашата намера и му објаснивме дека ПСЖ има добар проект, а дека тој во Париз ќе има светла иднина. Беше тешко, но и неопходно да го натераме Мбапе да остане“, истакна Емери.
Мбапе во летото 2017 година пристигна како позајмен играч од редовите на Монако, а ПСЖ пред почетокот на оваа сезона ги исплати договорените 180 милиони евра. Во тековната сезона настапи на 28 натпревари во Лига 1, во кои запиша 32 погодоци и 11 асистенции. Неодамна беше избран за најдобар играч и најдобар млад играч во Франција.