Едвај шутнаа на гол – Сасуоло ги победува гигантите, ама никако не му оди против Удинезе

Удинезе уште еднаш потврди дека е многу незгоден ривал за Сасуоло и повторно петти пат по ред остана непоразен во меѓусебните дуели.

Вечерва на „Мапеи“ немаше голови во тврд меч со само еден удар во рамки на голот што е невообичаено дури и за италијанскиот фудбал.

Илија Несторовски не доби шанса да игра за гостите од Удине, иако беше на клупата за резерви. Популарните Зебри и со освоениот бод вечерва се во незавидна ситуација на претпоследното место во Серија А со четири бода.

Сасуоло остана непоразен и по седум кола и се задржа на второто место со 15 бода, еден помалку од лидерот Милан и три повеќе од шампионот Јувентус и од Аталанта, но со меч повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести