Австрија дојде во водство од 1-0 на пресметката против Холандија во Берлин откако крилниот напаѓач на „лалињата“, Дониел Мален, си постигна автогол уште во шестата минута.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд сакаше да ја расчисти опасноста пред сопствениот гол, но на крајот ја испрати топката зад грбот на холандскиот голман.