Луис Суарес го упати првиот директен удар за Барселона кон голот на Реал Мадрид во 50-тата минута и погоди за голема предност на Каталонците во новото „Ел Класико“, вечерва во полуфиналето на „Копа Дел Реј“.
Првиот меч заврши нерешено, 1-1 на „Камп ноу“, а вечерва Реал Мадрид имаше повеќе шанси во првото полувреме, но прими гол веднаш на стартот од продолжението.
Дембеле одлично го проигра Суарес, а Уругваецот погоди за голема предност на Барселона од 1-0. Мечот е во тек, а ако повторно биде нерешено, ќе се играат продолженија, па пенали.
https://www.youtube.com/watch?v=n0Q7FJ-zXjw