29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ефектот Македонија дојде и до Бразил – Најфудбалската земја учи од нашата храброст и борбеност (ФОТО)

Пласманот на Светското првенство би бил најголемиот успех во фудбалската историја на Македонија, несомнено. Но, уште поголемо е задоволството кога фудбалски величини како Бразил, која е најфудбалската земја во светот, ја земаат борбеноста и храброста на нашите фудбалери како пример.

Токму тоа се случи во Бразилскиот куп, каде што беше ждребот за шеснаестифиналето, во кој гигантите од типот на Атлетико Минеиро, Фламенго, Сао Паоло, Сантос добија многу послаби ривали.

Но, токму тие екипи кои се на дното од Серија А или пак играат во вторите и третите лиги се надеваат на „ефектот Македонија“, односно со голема борбеност, храброст и пожртвуваност да се дојде до успех и да се елиминира некој од великаните.

Во дел од текстот се вели: „Погледнете само што се случи во Палермо пред неколку дена, каде што Италија, којашто е актуелен Европски првак, загуби од Македонија во можеби и најголемото изненадување во историјата на квалификациите за СП.

Затоа, кога ќе потенцирате дека има фаворити, запомнете дека ‘ефектот Македонија’ секогаш може да биде присутен“.

Повелете линк од целиот текст.

- Оглас -

Најнови вести