Актуелниот европски првак Анадолу Ефес ќе ја брани титулата во Белград, откако во драматично полуфинале го победи Олимпијакос со 77:74.
Василие Мициќ е херојот на Ефес со погодена тројка за победа во последната секунда.
https://twitter.com/LeaderOfHorde/status/1527346932099665924?s=20&t=aEJve4EjCbz-OhP7r3_dWA
Грците имаа огромна поддршка од трибините откако неколку илјади нивни навивачи допатуваа во Белград да го бодрат повеќекратниот европски првак, но ќе си заминат разочарани и без шанси за нов европски пехар.
Шејн Ларкин, ланскиот МВП на фајналфорот, кога Ефес ја освои титулата, повторно беше извонреден и со 21 поен како најефикасен на мечот го предводеше турскиот тим до ново финале во Евролигата.
Елајџа Браун постигна 16 поени со 6 скока, Мициќ имаше 15 поени, а најдобар поединец кај Олимпијакос беше Мекисик со 12 поени.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1527336326604808216?s=20&t=fDjYTCnDv095oAklB9OZ_g
Ефес ќе игра за титулата против победникот од второто полуфинале меѓу Барселона и Реал Мадрид, што ќе се игра од 21 часот.