Анадолу Ефес ја декласира Барселона со 92:70 ја прескокна на табелата и сега е четвртопласиран тим во Евролигата, а патем и ја сопре серијата од четири победи на Каталонците
Блескаше Шејн Ларкин со неверојатни 37 поени и со само едно промашување од 7 обиди за двојка и за тројка. Американецот во редовите на Анадолу Ефес ги погоди и сите 7 слободни фрлања што е импресивен ефект во меч од Евролигата.
Одлично одигра и Адриен Морман со улинок од 22 поени и 11 скокови. Кај Барселона Адам Ханга беше најефикасен со 14 поени, додека Анте Томиќ уфрли 13.
ЦСКА во Москва ја продолжи серијата победи и сега има седум по ред по успехот против Армани Милано. Домаќините славеа со 101:95 на крилата на дуото Хантер и Хигинс, кои заедно постигнаа 37 поени.
Кај Милано најефикасен беше српскиот тандем Мицов и Недовиќ со по 16 поени.