Ефес ја доби драматичната мајсторка, Реал остана без Ф4

Анадолу ефес ја доби мајсторката против Реал Мадрид со 88:83 и како втор полуфиналист се пласира на Ф4-турнирот во Евролигата, каде што таму веќе чекаше ЦСКА Москва.

Вистинска драма се случуваше во Истанбул, во која одлучуваа нијанси, речиси цел дуел се играше кош за кош, а на крајот составот на Атаман се избори за завршницата. Првиот чекор кон победата Ефес го оствари во средината од третиот период, но двоцифрената предност од 12 поени за брзо беше стопена.

Симон на 39 секунди до крајот со клучна тројка му донесе три поени водство на Ефес, а Љуљ промаши два од трите напади кои сам ги завршуваше за слободните фрлања на Данстон и Мициќ да завршат работа таман колку што беше потребно.

Синглтон со 26 поени и 8 скока го предводеше Анадолу до победата, додека Лапровитола беше светлата точка на Реал со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести