Ефикасен фудбал се очекува вечерва на дуелите од понудата на Sport Life со Квотите на денот. Два од петте натпревари се од италијанската Серија А, додека останатите по еден од Романија, Шпанија и Португалија. Вкупната квота на петте дуели е 59.4.
Понудата ја отвораат екипите на Емполи и Лече, а понудената квота за овој меч е 2.15. За да биде добитна, потребно е домашната екипа да не загуби, но и на мечот да бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Интересно се очекува да биде на дуелот од романското првенство помеѓу Динамо Букурешт и Универзитатеа Клуж. Квотата од 2.35 ќе биде добитна ако гостите не загубат, но потребно е и двете мрежи да се затресат на овој натпревар.
Голови се очекуваат и на вториот вечерашен натпревар од Серија А. Понудената квота од 2.00 за дуелот помеѓу Каљари и Сасуоло ќе биде погодена ако бидат постигнати помеѓу еден и три гола во двете полувремиња.
Според Квотите на денот, мрежата на Столе Димитриевски вечерва сигурно ќе се затресе. Квотата од 2.40 за дуелот помеѓу Рајо Ваљекано и Селта ќе биде добитна само ако едно од полувремињата заврши „гол-гол“.
Понудата со Квотите на денот ја затвораат екипите на Жил Висенте и Мореиренсе во португалското првенство. Воедно понудената квота за овој натпревар е најголема во Квотите на денот, дури 2.45, а ќе биде добитна само ако натпреварот заврши „гол-гол“, но со голови во двете полувремиња.