Пет натпревари со вкупна квота од 57.7 се дел од Квотите на денот на Sport Life. Три од натпреварите се од квалификациите за Европското првенство, додека останатите два се од Португалија, по еден од првенството и Лига купот.
Понудата ја отвораат репрезентациите на Украина и Англија, дуел во кој условно кажано гостите се фаворити, со оглед на тоа дека мечот се игра на неутрален терен во Варшава. Очекувањта се дека Англија ќе победи, а на натпреварот ќе бидат постигнати помеѓу три и пет голови. Квотата за овој натпревар е најголема, дури 2.60.
Ефикасен фудбал се очекува на дуелот од првенството на Португалија помеѓу Мориеренсе и Брага. Очекувањата се дека во двете полувремиња ќе бидат постигнати помеѓу еден и три голови, а квотата е рамно 2.
Репрезентацијата на Швајцарија е фаворит во дуелот против Косово, а очекувањата се дека гостите ќе одиграат ефикасен натпревар во Приштина. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека Швајцарија ќе постигне најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку два вкупно на целиот натпревар. Квотата е одлична, дури 2.40.
Македонија трипати има играно против Италија и секогаш давала најмалку по еден погодок. Очекувањата се дека и вечерва ќе биде така и барем еднаш ќе се тресе мрежата на актуелниот европски шампион. Квотата за Македонија да постигне минимум еден гол против Италија е 2.15.
Уште еден натпревар од Португалија на кој се очекуваат голови вечерва, овојпат од Лига купот. Очекувањата се дека на мечот помеѓу Гимараеш и Тондела ќе биде постигнат најмалку еден гол во првото полувреме, но и дека натпреварот ќе заврши со 3+ голови. Квотата и за овој меч е 2.15.