Пет натпревари со вкупен коефициент од 63.3 се дел од Квотите на денот на Sport Life. Два се од Премиер лигата, додека по еден меч има од Шпанија, Италија и Франција.
Понудата ја отвораат екипите на Брајтон и Ливерпул, меч на кој се очекува вистинска голеада. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека ќе има голови во двете мрежи, а вкупно ќе бидат постигнати најмалку четири погодоци со одлична квота од 2.25 во понудата на Sport Life.
Најинтересниот натпревар од Ла Лига денес е оној помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Очекувањата се дека домашните нема да загубат, но и дека ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме. Атлетико Мадрид ретко губи на “Ванда Метрополитано“, а така треба да биде и денес против ривалот од Баскија. Квотата за овој натпревар е 2.10.
И на вториот натпревар од Премиер лигата во понудата се очекуваат голем број на погодоци. Дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити се очекува да понуди возбудувања и голови во двете мрежи, но разпоспоредени по најмалку еден во секое полувреме. Квотата за оваа игра во Sport Life е одлична, 2.35.
Екипата на Наполи бара приклучок кон врвот на табелата во Серија А, па на денешниот натпревар против Фиорентина мора да фрли се на една карта, а тоа е нападот. Очекувањата се дека шампионот на Италија ќе постигне најмалку два голови, но и дека ќе прими барем еден со фантастична квота од 2.65.
Ефикасно се очекува да биде и на мечот од француското првенство помеѓу Рен и ПСЖ. Очекувањата се дека во едно од полувремињата ќе биде гол-гол, па токму затоа и можноста овој меч да се одигра со “или“, што значи дека е доволно да биде гол-гол во првото или во второто полувреме. Квотата за оваа игра во Sport Life е 2.15.