Ефикасен почеток на вечерта во ЛШ, двата меча завршија со ГГ и 3+ голови (Видео)

ПСЖ – Бриж 4-1 и Лајпциг – Манчестер сити 2-1, се резултатите од последното коло во групата А од фудбалската Лига на шампиони, по кои јасно е дека во осминафинале одат Сити како прв и ПСЖ како втор, а Лајпциг продолжува во Лига Европа.

Победата на Црвените бикови над Граѓаните би била изненадување ако ова беше прво или второ коло, но вака не. На Лајпциг му требаше победата, а гостите настапија со комбиниран состав. Во финишот, црвен картон доби Кајл Вокер, па оваа глупост го остава десниот бек без настап во првиот осминафинален меч.

Доминик Собослаи со пет голови стана најефикасен Унгарец во историјата на Лигата на шампионите.

Во Париз, Мбапе и Меси постигнаа по два гола, и го уништија сонот на Бриж за европска пролет во ЛЕ.

Ова е голот на Андре Силва за клучни 2-0 за Лајпциг:

https://twitter.com/i/status/1468298749273387017

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести