28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ефикасни контролки ќе приредат дамите, Реал ќе го возврати ударот

2704 Хака – Хелсинки (17:30ч)

Хелсинки уште во првите шест кола, во кои оствари учинок од пет победи и едно реми, најави дека ќе ја брани титулата во Финска. Како моментален лидер во воведот од сезоната, следува гостување кај Хака, која пак конечно се разигра и излезе од мини црната серија од три порази.

Хелсинки не би требало да има проблеми во овој меч ако се знае дека како гостин славеше во девет од последните 10 меча против Хака и притоа само еднаш ремизираше со овој тим.

Три гола се просек во меѓусебните дуели на овие две екипи и треба да продолжат во овој ритам.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.14)

 

4264 Бразиленсе – Гремио (20:30ч)

Гремио со една нога е во осминафиналето од Бразилскиот куп откако во првиот меч славеше со сигурни 2-0. Останува да се доврши работата во преостанатите 90 минути, во кои гостите не треба да си играат со судбината, па затоа се очекува и вечерва да победат.

Ова ќе биде само втора меѓусебна пресметка на двете екипи, а Гремио како прволигаш без сомнежи ќе ја оправда фаворитската улога и притоа повеќекратно ќе ја тресе мрежата на тимот на Бразиленсе.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.92)

 

6706 Италија жени – Холандија жени (17:30ч)

Малку внимание да се посвети и на репрезентативниот фудбал за дами, Италија и Холандија во контролката да играат без притисок и да го покажат квалитетот за да приредат ефикасен меч.

Во пет меѓусебни дуели на овие две селекции, мрежите никогаш не мирувале, а ако се земе просекот од два погодоци, лесно може да се типува дека во Ферара ќе се гледа возбудлив дуел.

Холандија никогаш не загубила од Италија, односно оствари три победи и двапати ремизира во сите конкуренции.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

6744 Франција жени – Германија жени (20:55ч)

За пет дена мажите на овие две селекции ќе ги одмерат силите на ЕП, но вечерва дамите во пријателски рамки ќе имаат прилика да го најават големото дерби од групната фаза.

И Французинките и Германките во мечот ќе влезат со идентична форма од четири победи и еден пораз, а во Стразбур ќе се пресметаат за првпат од февруари 2019 година.

Во три од последните пет меѓусебни дуели победувала репрезентацијата со улога на домаќин, а само еден дуел заврши без голови. Знаејќи дека е контролен натпревар, се очекува ефикасноста да се покаже на дело.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.17)

 

8845 Реал Мадрид – Валенсија (22ч)

По израмнувањето на Валенсија во полуфиналната серија, Реал повторно се враќа дома, каде што ќе треба да ја оправдува фаворитската улога за одново да направи исчекор кон големото финале.

Лилјаците знаат како се победува во Мадрид, двапати сезонава го покажаа тоа во шпанското првенство токму во финишот од регуларниот дел, а една гостинска победа забележаа и во Евролигата.

Тимот на Пабло Ласо секако посакува да се реваншира и да покаже зошто е еден од главните конкуренти за титулата во Шпанија, која ја освои трипати во претходните четири сезони.

Предлог тип: 1 хен. -4,5 поени (1.95)

- Оглас -

Најнови вести