Ефикасни натпревари ќе има во Англија, Ерменија, Данска, Романија и Грција (Фото)

1048 Брадфорд – Њупорт (21:00)

Последните шест натпревари помеѓу овие две екипи или завршувале во корист на Брадфорд или било нерешено. Домашните имаат три победи, додека три натпревари завршиле нерешено. Последните меча му припаднале на Брадфорд со идентичен резултат од 4-1, па така се очекува да биде и вечерва – ефикасно и со победа на домашната екипа.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II  (2.11)

 

3645 Вест Арменија – Гандзасар (17:00)

Дуел на двете последнопласирани екипи во првенството на Ерменија. Вест Арменија има само три бода, додека Гандзасар има само бод, па овој натпревар е одлична можност за едната од екипите да излезе од големата криза. На седум меча на Вест Арменија оваа сезона се постигнати вкупно 28 гола, или во просек по четири на натпревар, додека на натпреварите на Гандзасар имало 21 гол на шест меча или по 3,5 по натпревар. Последниот меѓусебен натпревар на овие две екипи завршил 2-2.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)

 

2816 Хвидовре – Колдинг (19:00)

Данското првенство е едно од најефикасните во Европа, а така се очекува да биде и вечерва, на мечот помеѓу Хвидовре и Колдинг. Четири од последните пет меча на гостинската екипа завршувале со голови во двете мрежи. Слично е и кај екипата на Хвидовре, која играла „гол-гол“ на четири од последните шест меча. Последниот меѓусебен дуел на овие две екипи завршил 1-2.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II  (2.40)

 

2841 Чиксереда – Фочани (19:00)

Екипата на Чиксереда е убедливо првопласирана во втората романска лига, а со победа против Фочани ќе ја зголеми предноста на седум поени пред второпласираната Слатина. Гостите се претпоследни само со четири бода и се големи аутсајдери на денешниот меч. Чиксереда е во серија од 11 натпревари без пораз, на кои забележале дури 10 победи и само едно реми, додека Фочани нема победа седум натпревари по ред, односно само еднаш одиграле нерешено, а шест меча ги загубиле.

Предлог тип: 1-1 & 2+  (1.88)

 

4857 Илиополи – Панахаики (15:30)

Илиополи со мала фаворитската улога влегува во мечот против Панахики и очекувањата се дека нема да загубат на домашен терен. Само по две првенствени кола имаат победа и пораз, додека гостите по еднаш одиграа нерешено и загубија. Домашните на два меча имаат гол-разлика од 3-5, што значи дека играат ефикасно, а ефикасно беше и на нивниот последен меѓусебен натпревар, кој заврши во корист на Илиополи од 2-1.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.02)

- Оглас -

Најнови вести