Ефикасни натпревари на северноамериканскиот Голд куп, на Мексико му требаа 50 секунди за да постигне погодок (Видео)

Стрелците беа расположени на трите натпревари од првенството на Северна Америка, Голд купот, и постигнаа вкупно 10 погодоци. Најубедливи беа фудбалерите на Мексико, кои со 4-0 го совладаа Хондурас. Првиот погодок на мечот го постигна Луис Ромо во 50-тата секунда, а истиот фудбалер стрелаше уште еднаш во првиот дел. Пинеда и Чавес беа прецизни во вториот дел.

Репрезентацијата на Хаити со 2-1 изненадувачки го совлада Катар, кој како гостин настапува на првенството, додека Тринидад и Тобаго рутински со 3-0 ја победија селекцијата на Свети Кристофер и Невис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести