Ефикасни натпревари се очекуваат во Романија, Шпанија, Англија, Франција и Португалија (Фото)

Натпревари од Романија, Шпанија, Англија, Франција и Португалија се дел од Квотите на денот на Sport Life. Квотите за предложените натпревари се движат помеѓу 2.10 и 2.40, а искомбинирани на еден тикет прават квота од 58.7.

Понудата ја отвораат екипите на УТА Арад и Волунтари од романското првенство. Квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако домашната екипа не загуби на денешниот натпревар, но и ако постигне најмалку два гола.

Најмалку по еден еден, а максимум по три во секое полувреме се очекуваат на дуелот од втората шпанска лига помеѓу Андора и Аморебиета. Доколку тоа се случи, квотата од 2.30 ќе биде добитна.

Екипата на Кравли таун се очекува да биде ефикасна против Стокпорт и да постигне најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар. Доколку тоа се случи, тогаш предложената квота од 2.40 ќе биде добитна.

Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња се очекуваат на дуелот од третата француска лига помеѓу Вилфранж и Ред стар. Доколку мечот биде ефикасен, квотата од 2.30 ќе биде добитна.

Во втората португалска лига има дуел на двете екипи од самото дно на табелата. Ако Вилаверденсе не изгуби од Белененсеш во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола, тогаш квотата од 2.20 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести