Пет натпревари од Лигата на шампионите се дел од Квотите на денот на Sport Life за вторник. Сите квоти се над два, а заедничко е тоа што се очекува ефикасен фудбал на сите натпревари. Искомбинирани на еден тикет, петте меча прават квота од 51.3.
Еден од најинтересните натпревари на отворањето на Лигата на шампионите ќе се одигра во Милано, помеѓу домашниот Милан и Њукасл. Очекувањата се дека Црвено-црните нема да загубат на овој натпревар, а ќе биде постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме со одлична квота од 2.40 во понудата на Sport Life.
Големото дерби на првиот натпреварувачки ден е дуелот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Домашните се големи фаворити на овој натпревар и се очекува да победат, со што ќе излезат од резултатската криза што ја имаат во првенството. Освен победата на Светците, се очекува да има најмалку еден гол во второто полувреме. Квотата за овој натпревар е 2.10.
Голови во двете полувремиња се очекува да бидат постигнати на мечот во Рим, помеѓу Лацио и Атлетико Мадрид. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека во двете полувремиња ќе бидат постигнати помеѓу еден и три гола со одлична квота од 2.15.
Екипата на Порто е благ фаворит на гостувањето кај Шахтар Доњецк, меч кој ќе се одигра на неутрален терен во германскиот град Хамбург од јасни причини. Очекувањата се дека Порто нема да загуби, но и дека ќе има голови во двете мрежи. Квотата за овој натпревар е 2.20.
Холандскиот Феенорд ја има фаворитската улога против Селтик и очекувањата се дека ќе одигра ефикасен меч. Предлогот за овој натпревар е домашните да постигнат најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот меч со квота од 2.15 во понудата на Sport Life.