7.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Египет дури по продолженијата го скрши отпорот на незгодниот Бенин (Видео)

Репрезентацијата на Египет и на шесттиот меч по ред од нок-аут фазата на Африканскиот куп на нации, ако го сметаме и претходното издание, играше продолженија од двапати по 15 минути.

„Фараоните“ дури по дополнителните 30 минути го скршија отпорот на жилавиот Бенин и победија со 3-1.

Египет поведе преку Атиа во 69-тата минута, но Бенин преку Досу во 83-тата минута израмни на 1-1 и се избори за продолженија против фаворитот.

Пласманот во четвртфиналето за Египет го донесе Јасер Ибрахим со гол во 97-мата минута.

Точка на победата на Египет стави Мохамед Салах со гол во 124-тата минута.

Противник на „фараоните“ во четвртфиналето ќе им биде подобриот од мечот на Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.

- Оглас -

Најнови вести