20.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Египет има предност ама ќе биде национална трагедија во Сенегал ако испаднат со ваков автогол (ВИДЕО)

Во Африка исто така се играат бараж средбите за Светското првенство а од репризата на големото финале на последниот АФКОН, Египет и Сенегал играат повторно меѓусебно.

Египет по првата средба има предност од 1:0 со автоголот на Салиу Сис во четврттата минута. А ако поради тој гол Сенегал, по реваншот, не успее да се пласира на СП во Катар, тогаш тоа ќе биде национална трагедија.

Мохамед Салах ја шутна топката и таа заврши во пречката, по што се одби од ногата на Сис и заврши во мрежата на својот голман.

Реваншот на оваа, како и на останатите средби од африканскиот бараж за СП се играат во вторник.

РЕЗУЛТАТИ

ДР Конго – Мароко 1:1

Камерон – Алжир 0:1

Мали – Тунис 0:1

Египет – Сенегал 1:0

Гана – Нигерија 0:0

- Оглас -

Најнови вести