Египет ја изненади Шпанија и како првопласиран патува во четвртфиналето на фудбалскиот турнир (Видео)

Фудбалската репрезентација на Египет изненадувачки стигна до победа од 2-1 против Шпанија и како првопласирана ќе патува во четвртфиналето на фудбалскиот турнир во Париз. Шпанците се едни од фаворитите за златото на Олимпијадата, но попладнево немаа одговор за одличните египќани, кои изненадувањето го најавија уште во првото полувреме.

Ибрахил Адел е херојот на Египет во големата победа над Шпанија, која сега им го отвора патот кон олимписки медал. Младиот фудбалер на Пирамидс, победата ја најави во 40-тата минута со вистински еврогол, додека победата ја потврди со својот втор погодок на овој меч во 62-рата минута.

Во 90-тата минута Шпанија успеа да намали на 2-1 преку Саму Омородион, но и покрај тоа што беа покажани 10 минути дополнително време за игра, а се одиграа 13, сепак шпанците не успеаја да се спасат од пораз.

- Оглас -

Најнови вести