Шест меча од првото коло во главната фаза се играат денеска во Група 3 и Група 4 на Светското ракометно првенство. Интересно е дека две селекции кои не доаѓаат од Европа се апсолутни фаворити.
Египет треба лесно да слави во дуелот против Белгија, а границата за триумф со хендикеп на африканската репрезентација е на 8,5 погодоци. Освен Египет, од неевропските селекции кои денеска треба лесно да победат е и Бахреин која игра против САД. За Американците е успех што се во главната фаза и реално се очекува да ги загубат сите дуели во оваа група. За победа на Бахреин со „хендикеп“ треба да биде барем осум разлика во корист на фаворитит.
Денешната понуда на играчи е огромна и има над 50 ракометари кои може да ги типувате дали ќе дадат повеќе или помалку погодоци од зададената граница во Sport Life.