Египет ќе ја победи Јужна Африка, Аргентина без притисок игра многу подобро

Зенит – Локомотив М. (18 ч.)

Како најава за стартот на руското првенство, денеска се игра Суперкупот. Зенит во улога на шампион е фаворит против освојувачот на Купот, Локомотив Москва. Во подготвителниот период Зенит редеше само победи, но факт е дека и Локомотив нема загубено во последните осум средби.

Кога играат овие екипи, малку нетипично за Русија, но има погодоци. На последните шест дуели, пет пати имало најмалку по два гола. И денеска се очекува да се тресат мрежите за возбудлива борба за трофејот во Суперкупот.

Предлог тип: 1+I& 3+ (2.60) – Предлог тип во Sport Life

 

Египет – Јужна Африка (21 ч.)

Започнуваа главните возбудувања на Африканскиот куп на нации. Нокаут фазата и борбата за трофејот, ја продолжуваат најдобрите по групната рунда. Египет како домаќин е еден од главните фаворити. предводени од Мохамед Салах, оваа селекција верува дека може да стигне до тронот. Првиот голем предизвик им е Јужна Африка. Малку е неверојатно, но Јужна Африка се најде во нокаут фазата со само еден даден гол во трите меча од групата. Тој погодок беше доволен за победа над Намибија. Сепак, со таква неубедлива игра, овој тим нема да има многу шанси да изненади против Египет, кој ја има и поддршката од домашната публика.

Предлог тип: 1X&2-3 (2.35) – Предлог тип во Sport Life

 

Аргентина – Чиле (21 ч.)

Селекциите кои игаа во последните две финалиња на Копа Америка, сега ќе се сретнат во борба за третото место. Во последните два квалификациски меча на овие селекции, Гаучосите се радувале, но кога играа во послелдните две финалиња на Копа Америка, Чиле беше подобар и тоа на два пати на пенали.

Во дуел за „утешно“ финале, притисокот е многу помал, па затоа може да очекуваме Аргентина конечно да покаже еден офанзивен фудбал и да има погодоци.

Предлог тип: T1 1+I& T1 2+ (2,45) – Предлог тип во Sport Life

 

Клуж – Виторул Констанца (19 ч.)

Клуж како шампион на Романија ќе ја има фаворитската улога за освојување на Суперкупот во оваа земја. Сепак се работи за еден меч и Виторул сигурно ќе сака да стигне до трофејот. Двете екипи одиграа по неколку контролни меча во подготвителниот период и ја темпираа формата.

Факт е дека Виротул дава барем по еден гол на последните 16 меча, а и Клуж секогаш негува напаѓачки фудбал и очекува да даде гол. Токму поради ова, најдобро е дуелот со кој стартува новата сезона во Романија, да се одигра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.88)

 

Англија (Ж) – Шведска (Ж) (17 ч.)

Кога се игра дуел за трето место, треба посебно да се најде начин за мотивација, бидејќи тоа е меч на поразени во полуфинале. Англија промаши пенал и не се избори за продолженија притив САД, додека Шведска во 99 минута прими гол од Холандија и не се пласираше во финалето.

Овие две селекции пред неполна година одиграа еден пријателски дуел на кој Шведска се радуваше со 2:0, но сепак мотивот сега е многу поголем. Тој што ќе победи ќе ја освои бронзата на Мундијалот.

Предлог тип: ГГ3+ (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести