Египет пресилен за пулените на Лазаров

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Египет со 20:34 во полуфиналето на Медитеранските игри. Египет едноставно беше пресилен за пулените на Кирил Лазаров, кои пак ќе имаат шанса да се борат за бронзен медал против поразениот од дуелот Шпанија – Србија.

Египет од самиот почеток ја презеде контролата на мечот и брзо дојде до предност од 4:1. Нашите ракометари се држеа до 9:7, а до крајот на полувремето постигнаа само три гола, додека Египет стигна до +6, а и дотогаш имаше највисоки седум гола водство.

Во исто темпо продолжи фаворитот и во вториот дел. Постепено се зголемуваше предноста за Египет и стигна да биде двоцифрена, па на крајот загубивме со убедливи 34:20.

 

- Оглас -

Најнови вести