Египет во тага: Почина репрезентативецот кој имаше срцев удар

Египетскиот фудбалски репрезентативец Ахмед Рефат почина четири месеци откако доби срцев удар на теренот за време на лигашки меч во родната земја. Рефат кој имаше само 31 година, доживеа срцев удар на 11 март додека беше на теренот на натпревар од египетското првенство.

Девет дена фудбалерот помина во индукциска кома, а потоа се разбуди. Сепак, Рефат во ниту еден момент не закрепна целосно, а пред само една недела изјави дека има големи здравствени проблеми и дека никогаш веќе нема да може да игра фудбал.

Од ден на ден ситуацијата му се вложувала, а за жал, утрово од неговиот клуб ја соопштија трагичната информација. Рефат починал во болница.

Во кариерата Рефат настапуваше исклучиво за тимови во Египет и тоа за ЕНППИ, Замалек, Ал Итихад, Ал Масри, а последен негов клуб беше Модерн Фјучр, од каде замина на позајмица во Ал Вахду.

За репрезентацијата на Египет одигра седум меча и постигна два гола, а еден од нив беше вистинска мајсторија. Играше на пзиција крилен напаѓач.

https://twitter.com/i/status/1809528833898332596

 

- Оглас -

Најнови вести