Египетската легенда Мидо објави дека Мо Салах потпишал договор со клуб од Саудиска Арабија!

Поранешниот египетски репрезентативец Мидо на социјалните мрежи објави бомбастична вест за својот сонародник Мохамед Салах.

Мидо во кариерата играше за клубови како Марсеј, Рома, Тотенхем, Вест хем, Ајакс итн.

„Мохамед Салах ќе игра во Саудиска Арабија следната сезона. Договорот е потпишан“, напиша 41-годишниот Мидо, кој во објавата ја тагираше лигата на Саудиска Арабија.

Салах беше цел на Ал-Итихад летоска, му понудија 150 милиони фунти, но Египќанецот остана во Ливерпул и одлучи да продолжи со играње врвен европски фудбал.

Договорот на Салах со Црвените е до летото 2025 година, но не е исклучено да си замине летово, Мидо е убеден дека тоа ќе се случи, тврди дека потписот е веќе ставен.

 

- Оглас -

Најнови вести