Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер официјално објави дека нивен нов кружен напаѓач за следната сезона е египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид.
Овој 26-годишен пивотмен доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ. Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.