Репрезентацијата на Египет стана првата африканска селекција која се пласирала во полуфинале на олимписки турнир во ракомет за мажи откако ја совладаа Германија со 31-26 во последното четвртфинале. Во историското полуфинале, Фараоните ќе се сретнат со Франција, додека другото полуфинале е Данска – Шпанија.
Египќаните ја немаа победено Германија уште од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, а чекањето од 21 година се исплатеше и во вистински момент триумфираа над Панцерите. На голот на Египет фантастичен беше Хендави, голман кој во минатата сезона бранеше за Еурофарм Пелистер.