„Егзекуторот“ Крис Пол постави перфектен рекорд во плејофот од НБА-лигата (ВИДЕО)

Крис Пол имаше фантастичен настап во победата на неговиот тим Феникс санс на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс од 115:105. Искусниот кошаркар уфрли 33 поени, но тоа го стори од 14 обиди и сите тие беа погодени.

Ова е нов ваков рекорд во плејофот во НБА-лигата, а искусниот кошаркар покажа дека може сам да го носи ланскиот финалист во наредната фаза откако првата ѕвезда на тимот, Девин Букер, се повреди и неизвесно е колку ќе отсуствува.

Во полуфиналето на Западната конференција, Феникс ќе играат против Далас маверикс и Лука Дончиќ, а првата средба е закажана за 3 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести