Килијан Мбапе и Лионел Меси вечерва покажаа дека кога се расположени, тешко дека некој тим во Франција може да му парира на ПСЖ. Светците го совладаа Ајачио со 3-0, со гола и асистенција на Мбапе, и гол и две асистенции на Меси.
Вториот гол кој го даде Меси, покажува колку фудбалот е убав кога го играат мајстори. Целата акција беше одлична, а Меси го издрибла и голманот на противниците пред да ја смести топката во мрежа.
После 12 кола, ПСЖ има 32 бода (од можни 36) и се зацврсти на чело на табелата.
Ова е голот на Меси и феноменалната акција на францускиот шампион:
https://twitter.com/i/status/1583559116668403712