Егзибиции на Меси во Перу, прекината рекордната серија на Бразил (Видео)

Аргентина со два гола на Лионел Меси, со 2-0 победи на гостувањето кај Перу и остана единствената перфектна репрезентација во јужноамериканските квалификации за Светско првенство, со максимален број бодови и без примен гол после четири кола.

Меси, како многупати досега, двата гола ги даде со својата лева нога од негови омилени позиции. Ова се негови први голови против Перу, па сега му остана само уште Бразил како единствен ривал од Јужна Америка против кого нема дадено гол.

Меси има дадено 31 гол во квалификации за СП, со што е рекордер во Јужна Америка, а четврти на светот. Рекордер е Карлос Руиз од Гватемала со 39, а втор е Кристијано Роналдо со 36 за Португалија.

Аргентина 710 минути нема примено гол. Последен пат кога Дибу Мартинес беше совладан, беше во финалето на Мундијалот во Катар.

Дербито помеѓу Уругвај и Бразил им припадна на Уругвајците со 2-0, а јунак беше Дарвин Нуњес со гол и асистенција.

За Кариоките заврши рекордната низа од 37 средби без пораз во квалификации за ЕСП (претходниот пораз им беше во 2015 година од Чиле), а ова им е прв пораз од Уругвај во последните 23 години. На средбата со Уругвај се повреди Нејмар, и тоа е проблем плус за Бразил.

Ова е голот на Меси за 1-0:

https://twitter.com/i/status/1714506460346859782

- Оглас -

Најнови вести