24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Егзодус на повидок во Тотенхем: Четворица клучни играчи не потпишуваат нови договори

Управата на Тотенхем во изминатиов период се обидуваше да заврши тешка работа, односно да наговори четворица клучни играчи да ја продолжат соработката со клубот. Меѓутоа, потфрлија во таа мисија, па сега е најавен егзодус по кој Петлите и Маурисио Покетино ќе бидат принудени да го сменат изгледот на тимот.

Имено, дефанзивците Јан Вертонген и Тоби Алдервејрелд немаат намера да стават потпис на нов договор и по крајот на оваа сезона ќе бидат слободни играчи. Иста одлука од претходно донесе Кристијан Ериксен. Данскиот плејмејкер уште изминатово лето притискаше за преселба, но откако ниту една понуда не беше доволна за Тотенхем да го продаде, тој остана во Лондон, па сега и Ериксен чека да му истече договорот за следното лето да си бара нов клуб.

Левиот бек Дени Роуз е најнов случај во целава ситуација. И Англичанецот одлучи дека нема да се обврзе со Тотенхем, но тој ќе мора да почека до летото 2021 година за да може да се пресели во друг клуб, а воедно нема намера да притиска предвреме да си замине.

Сите четворица веќе долг период се дел од тимот на актуелниот европски првак, но по неколку сезони претрпен неуспех, решија да го направат овој чекор со цел да си ги збогатат кариерите со одличја.

- Оглас -

Најнови вести