Егзодус од „Стемфорд бриџ“, налето си одат повеќе од десет фудбалери

Англискиот премиерлигаш Челси откако во последните два преодни рока потроши дури 600 милиони евра за засилувања, во претстојниот летен преоден рок подготвува голема распродажба.

Англиските медиуми пишуваат дека повеќе од десет фудбалери или го напуштија или ќе го напуштат „Стемфорд бриџ“.

Трансферот на Матео Ковачиќ во Манчестер сити е веќе завршена работа, според англиските медиуми тој вечерва ги поминал лекарските прегледи и ставил параф на договорот. Трансферот на Каи Хаверц во Арсенал, исто така е завршена работа, Топчиите се согласија да платат 60 милиони евра отштета и во наредните денови, Германецот и официјално ќе го напушти Челси.

Нголо Канте веќе си замина, потпиша за саудискиот Ал-Итихад и тоа без отштета, а во ист правец би можеле да заминат и Хаким Зијех, Едуар Менди и Пјер-Емерик Обамејанг. За нив Сините бараат околу десет милиони евра отштета.

Жоао Феликс кој минатата сезона на позајмица, се враќа во Атлетико Мадрид.
На излезни врати е и Мејсон Маунт за кого најзагреан е Манчестер јунајтед и прашање на време е кога ќе се договори овој трансфер.

Медиумите пишуваат дека ова лето најверојатно ќе си заминат и Ромелу Лукаку, Калиду Кулибали, Рубен Лофтус-Чик.

Сините минатата сезона ја завршија на 12-та позиција и следната сезона нема да играат во европските купови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести