„Егзодус“ во Битола – Пелистер останува без четворицата најдобри ракометари

По завршетокот на оваа сезона, Еурофарм Пелистер ќе остане без Јосип Периќ (среден бек), Немања Обрадовиќ (лев бек), Тео Мараш (десен бек) и голманот Маратон Секељи.

Сите овие играчи по финишот на оваа сезона ќе играат за унгарска Татабања, којашто има големи амбиции за наредната сезона.

Пелистер ќе добие обесштетување само за новопечениот хрватски репрезентативец Тео Мараш, додека останатите тројца како слободни агенти ќе се приклучат кон овој амбициозен проект, којшто најавува голема борба со Веспрем и Пик Сегед за титулата во Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести