Вангел Алтипармаковски, поранешниот фудбалски ас сега во водите нa тренерската професија, ќе има нов интересен предизвик и ќе биде тренер на Ховд Вестерн од Монголија.
Клубот се натпреварува во Првата лига на оваа земја, а Алтипармаковски ќе биде прв тренер од Македонија што ќе работи во земјата што е најнаселена, односно со најголема површина во однос на бројот на жители.
За Алтипармаковски ова ќе биде прво искуство како главен тренер, откако работеше во Работнички во младинските категории и потоа беше и асистент-тренер.