ЕХФ дели бодови како од ракав за неодиграните натпревари во Лигата на шампионите поради корона-вирусот, а за два одложени дуели имаше различен аршин.
На Веспрем и на Нант им додели по еден бод за неодиграниот меч, додека во случајот со Алборг и Целје трите бода заминаа на контото на Словенците.
Кирил Лазаров и неговите соиграчи не играат против унгарскиот првак поради позитивен тест на ковид-19 на еден од судиите, па ЕХФ со соломонска одлука им додели по еден бод на двете екипи.
Кај Алборг имаше неколку ракометари со позитивни тестови на корона-вирус, па ни „криви, ни должни“, Данците го загубија мечот со Целје со службен резултат, по чудната одлука на ЕХФ.
Сезонава во Лигата на шампионите речиси сите екипи имаа многу проблеми со пандемијата, па и Вардар не одигра неколку натпревари и доби бодови со одлука на ЕХФ, по чуден принцип на распределба.
Поради проблемите, ЕХФ одлучи сите екипи да играат во нокаут-фазата во ЛШ, а ривал на Вардар ќе биде Веспрем.