ЕХФ ја објави најновата ранг-листа: Македонија е 19-та европска ракометна сила

Европската ракометна федерација, ЕХФ, по завршувањето на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, ја објави најновата ранг-листа. Нашата репрезентација е 19-та ракометна сила во Европа, со нови 44 бодa за настапот на Светското првенство.

Првата позиција очекувано ја има Данска, пред Франција, Германија, Шведска и финалистот Хрватска. Нашиот следен противник во квалификациите за Европското првенство, Словенија, е на 11-тата позиција, додека Литванија и Естонија, кои се во истата група, се на 27-мата, односно 28-мата позиција.

ЕХФ ја објави и ранг-листата на женските репрезентации, каде што во водство е Норвешка, додека Македонија, исто како и во машка конкуренција, е на 19-тата позиција во Европа.

- Оглас -

Најнови вести