Благодарение на 15-те голови од 16 шута (реализација од 93,75 проценти) на дуелите со Азербејџан и Литванија, македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим на ЕХФ за октомврискиот циклус квалификации за Европското првенство кое ќе се игра во ноември и декември 2024 година.
Левиот бек постигна 8 гола на гостувањето кај Литванија, а во првото коло во Скопје даде 7 гола против Азербејџан и даваше голем придонес во победите.
Покрај Седлоска, во идеалниот тим на ЕХФ се најдоа уште и: Ана Кристенсен (Данска), Клое Валентини (Франција), Кристина Ласло (Романија), Теа Стурлудотир (Исланд), Алисија Тублан (Франција) и Вилде Ингстад (Норвешка).