ЕХФ: Натпреварот Алкалоид – АЕК е откажан од безбедносни причини

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави малку чуден став за неодиграниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК во СЦ „Борис Трајковски“. На официјалниот сајт на ЕХФ е објавено дека „мечот е откажан поради безбедносни причини“.

„Финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини“, стои на сајтот на ЕХФ.

На официјалниот профил на социјалната мрежа „Икс“ има и објаснување дека дополнителни информации за понатамошните постапки ќе бидат соопштени дополнително.

- Оглас -

Најнови вести