Европската ракометна федерација, ЕХФ, им додели вајлд-карти на шест клуба во Лигата на шампионите во машка конкуренција, па македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги дозна сите можни ривали пред ждрепката на 27 јуни.
Специјални покани добија Загреб, Алборг, Монпелје, Сегед, Колштад и Висла Плоцк.
Местата на ГОГ, Барса, ПСЖ, Магдебург, Кил, Веспрем, Е. Пелистер, Кјелце, Порто и Целје беа фиксни.