ЕХФ објави кој е најчудниот гол во ЛШ сезонава (Видео)

Групната фаза од ракометната Лига на шампиони се комплетираше и веќе се познати екипите кои директно обезбедија место во четвртфиналето, но и паровите за осминафиналните пресметки. Од Европската ракометна федерација на социјалните мрежи открија кој гол е прогласен за најчуден по одиграната групна фаза.

Погодокот е постигнат на дуелот меѓу Елверум и ПИК Сегед. Резултатот беше 15:15 кога домашната екипа направи вишок играч на левото крило, каде што беше Синдре Хендал. Непречен од никого, шутираше, а топката прво удри во едната статива, потоа и во другата и на крајот излезе во полето на голманот.

Голманот на гостите, Роналд Миклер се израдува дека не е гол, но судијата покажа дека е погодок. Миклер збунето гледаше како може да е погодок, а топката да надвор, без да ја допре мрежата. Сепак, успорената снимка покажува дека одлуката на судијата е правилна и дека е гол и тоа најчудниот во групната фаза од Лигата на шампиони за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести