ЕХФ прашува: Има ли подобар стрелец од Кире Лазаров? (Видео)

Европската ракометна федерација на социјалните мрежи како дел од најавата за Европското првенство во Германија објави видео-компилација со погодоци на најдобриот македонски ракометар во историјата, а сега селектор на нашата репрезентација, Кирил Лазаров. Од ЕХФ заедно со видеото прашаа: „Можеш ли да наведеш подобар стрелец од Лазаров?“.

Кирил Лазаров има постигнато 182 погодоци на европските првенства, а со 61 погодок беше најдобар стрелец на шампионатот во Србија во 2012-тата година кога Македонија го постигна најголемиот ракометен успех, петтото место. Тие 61 гол во тој момент беа апсолутен рекорд на првенствата, кој беше надминат во 2020-тата од норвежанецот Сагосен кој постигна 65 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести