Сигурно плови Жолтата подморница во Шпанија

Еибар – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија 19 часот)

Жолтата подморница има една интересна ситуација во досегашните 10 меча во новата сезона во Ла Лига. На сите постигна барем еден гол, а на 9 од 10-те играчите на Вилјареал први поведуваа.

Лани се спасуваа од испаѓање, но годинава играат одлично и ако го победат Еибар, можат да стигнат и до третото место со одредени комбинаторики, што не зависат од нив.

Џерард Морено, Карл Токо Екамби и Санти Касорла го сочинуваат ударното трио на гостите што игра во извонредна форма, а потенцијал кај Вилјареал има уште. Се чека да се разигра и екстра талентираниот Самуел Чукуезе, тука е и искусниот Карлос Бака, Ибора… Вилјареал годинава има тим за високи дострели, а ефикасноста им е на ниво.

Еибар има полош старт од очекувањата, а само Орелјана има постигнато повеќе од еден гол во тимот. Еибар знае да одигра добро и ефикасно на домашен терен, па и од нив очекуваме гол(ови) на „Мунисипал Ипуруа“.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.12)

 

Мајорка – Осасуна (Ла Лига, Шпанија 19 часот)

Двата нови прволигаши ќе играат исклучително значаен меч и во вакви дуели бодовите се бројат двојно. Осасуна стартуваше подобро и има 4 бода повеќе од Мајорка, а и двете екипи имаат по еден впечатлив резултат. Осасуна ремизираше со Барселона на домашен терен 2:2, а Мајорка го победи Реал Мадрид со 1:0.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски сè уште го минува периодот на адаптација во новиот клуб и најчесто влегува во игра како резерва за Мајорка.

Двете екипи одлично се познаваат, а лани водеа исцрпувачка битка во Сегунда за пласман во елитата и имаа успех.

Мајорка игра тврдо, на малку голови, а слична филозофија има и Осасуна, па нашиот тип ќе биде од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (2.00)

 

Хетафе – Гранада (Ла Лига, Шпанија 21.15 часот)

Гранада е хитот во Ла Лига по 10 кола и ако победи во Мадрид вечерва, пак ќе биде лидер пред тандемот гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Еден од најмладите тренери во Шпанија, Диего Мартинес, прави чуда на стартот од сезоната со клуб што сепак има многу помал буџет од главните фаворити во Ла Лига, а се наоѓа при врвот и ако слави вечерва, и на него ќе биде по 11 одиграни мечеви. Од ланскиот второлигаш не се очекуваше ваков летечки старт, но Гранада игра фантастично.

Хетафе беше во слична позиција лани, кога за влакно не успеа да се избори за настап во Лигата на шампионите. Главните играчи Мата, Анхел, Молина… останаа во клубот.

Хетафе е во мала криза, има два порази по ред, но има искусен и тактички многу зрел тим, со квалитетни поединци. Ќе типуваме дека клубот од Мадрид ќе ја прекине мини-серијата од два порази од Севилја и од Базел во Лигата на Европа.

Предлог тип: 1 (2.05) Супер тип на Sport Life

 

Милан – СПАЛ (Серија А, Италија, 21 часот)

Нема веќе избор за Милан и сè освен победа ќе биде нов шок за грогираниот гигант. Веќе е сменет еден тренер на почетокот на сезоната, а и Стефано Пиоло почна лошо со реми дома против Лече и со пораз од Рома во Рим.

Добро за Милан е што има перфектна традиција против СПАЛ и во досегашните 4 дуели во Серија А го победуваше денешниот противник.

И СПАЛ е во криза, се наоѓа на претпоследното место на табелата само со 7 бода, па и тие ќе бараат шанса за изненадување и со поволен резултат бегство од опасната зона.

Време е Милан да победи, што може да го доведе во горната половина од табелата во Калчото и ќе типуваме прва радост за Пиоли и победа на Росонерите.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Андерлехт – Гент (Жупилер лига, Белгија 20.30 часот)

Андерлехт сè уште е на пат на закрепнување од ланската бламажа, кога имаа бунт на навивачите и загубен меч со службен резултат против Стандард.

Белгискиот гигант и најтрофеен клуб и годинава се мачи со резултатите, а и со повредите. Вечерва во дербито на домашниот шампионат повторно нема да играат ветераните Компани и Насри, а и Нахар и Димната се надвор од редовите. Можно е да не игра и напаѓачот Бакали, а незивесни се настапите на Макаренко и на Аџеи.

Гент има одиграно 11 меча и со две победи може да му се приклучи на Стандард на втората позиција. Овде ќе ја почитуваме и традиција, а таа е интересна и покажува дека само еднаш на последните 10 меѓусебни дуели на двете екипи имало 3 или повеќе голови.

Предлог тип: 0-2 гола (2.18)

 

Во редовната дневна понуда со специјални квоти во Sport Life можете да ги типувате следните натпревари:

ФК Копенхаген – Нордсјеланд (Дански куп, 17.30 часот)

Предлог тип: 1Х&3+ (2.25)

Мајорка – Осасуна (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.45)

Милан – СПАЛ (Серија А, Италија, 21 часот)

Предлог тип:Т1 1+I& 1+II (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести