Експедицијата на Ејбар се соочува со проблем од техничка природа пред вечерашното гостување кај Севилја. Поради дефект на авионот, не полетаа во закажаното време кон Севилја и се вратија во хотел, каде што ќе ручаат и се во исчекување кога ќе добијат дозвола да летнат.
Средбата се игра вечерва, од 22 часот, има доволно време од Баскија на северот да стигнат до Андалузија на југот на Шпанија, но можеби од авион ќе треба да заминат право на стадион. Нема да имаат многу време за адаптација на високите температури.
Прогнозата е дека вечерва, кога ќе почне мечот, температурата во Севилја ќе биде над 30 степени, а во Ејбар ниту на пладне не е толку топло. Колку ова ќе влијае негативно врз тимот, ќе видиме вечер по 22 часот.