Еибар води со 1:0 на полувреме на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид. Гостите постигнаа феноменален погодок и сега остануваат уште 45 минути да издржат, ако сакаат да направат големо изненадување во Мадрид.
Погодокот кој го постигна Марк Кардона беше како на видео игра, а одбраната на Реал Мадрид делуваше како да не знае како треба да се одбрани.