Еибар ќе докажува дека победата над Реал не е случајна

Фудбалската понуда во овој петок носи разновидност и голем избор, а како и секогаш, ви нудиме и привлечни квоти на денот од SPORT LIFE. Овие прогнози треба да се земат предвид. Издвојуваме пет натревари од пет различни лиги, денеска е најавата за богат викенд во клупскиот фудбал, а со мини-анализи ви помагаме при одлучувањето што да уплатите.

Фортуна Дизелдорф – Мајнц (20.30 часот)

Фортуна е преполна со самодоверба откако ја растури Херта, а потоа како гостин освои бод и му даде три гола на Баерн. Поради лошиот старт, тимот од Дизелдорф е претпоследен. Овие два тима последен пат играле меѓусебе пред пет години, а од девет пресметки, само една била „гол-гол“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

Сент Етјен – Нант (20.45 часот)

„Светците“ по поразот од Лион, загубија и во Лига купот од Ним на пенали, но пред своја публика Сент Етјен не знае за пораз на последните седум меча. Нант е во добра серија од шест меча без пораз, но кај Сент Етјен за последен пат славеле во 2000 година, а традицијата најавува и малку голови.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.40)

 

Рајо Валјекано – Еибар (21 часот)

Мадридскиот тим во минатото коло стана екипа со најлоша одбрана во лигата, на четири меча по ред прима два или повеќе голови, а веќе на десет натпревари едноподруго нема победа. Еибар го разби Реал во минатото коло и се најде на средина на табелата. Сите сигнали најавуваат победа на гостите, но прашање е дали ќе има многу голови, со оглед на негативната традиција во тој сегмент.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.90)

 

Кардиф – Вулверхемптон (21 часот)

Велшкиот тим е претпоследен на табелата, од 13 меча има само две победи и дури девет порази, додека „волците“ се на 11-то место, а поразот од Хадерсфилд во минатото коло им беше петти меч по ред во кој не успеаја да остварат триумф. Вулфс игра добро на гости, од последните шест гостувања, загуби само едно.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Палермо – Беневенто (21 часот)

Екипата на Несторовски и Трајковски има само еден пораз сезонава, а Беневенто четири и падот кај ланскиот прволигаш е видлив. Палермо како домаќин и лидер во Серија Б има улога на фаворит, но Беневенто има дадено 22 гола, исто колку и Палермо. Беневенто пет меча по ред има гол-гол и 3+, додека во меѓусебните дуели секогаш има голови, но не повеќе од три.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

- Оглас -

Најнови вести