Екипата на Еибар игра одлична сезона во втората шпанска лига оваа сезона и е на добар пат по пауза од две сезони да се врати во Ла Лига.
Денешниот натпревар против Мирандес започнува во 21 часот, а Еибар е фаворит со одличен коефициент од 2.35 во понудата на Sport Life.
Домашните се на тринаесеттата позиција со 7 поени предност од опасната зона за испаѓање, а фудбалерите на Еибар во денешниот натпревар влегуваат со надеж дека ќе ја продолжат серијата од четири победи по ред и ќе се зацврстат на лидерската позиција. Воедно Еибар нема загубено од Мирандес на последните 9 натпревари. Мирандес во меѓусебните дуели последен пат се радувал на 01.04.2012 година, кога на домашен терен бил подобар од Еибар со 2-1.